ЕБОР со нова стратегија за Македонија

Bez autora
Mar 31 2010

Поддршка на реалната економија, подобрување на конкурентноста и енергетската ефикасност, како и промовирање на извозот се приоритети на кои ќе се фокусира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија во наредниот период, стои во новата стратегија. ЕБОР во финансискиот сектор ќе обезбеди капитал и долгорочно финансирање на банките, а ќе им помага и да развијат нови производи со цел да го развиваат својот бизнис на одржлива основа. ЕБОР ќе се стреми да го подобри корпоративното управување и да канализира повеќе финансии за микро, мали и средни претпријатија преку комерцијалните банки и институциите за микро кредитирање. Банката планира и поддршка на модернизација на инфраструктурата во Македонија, како и подобрување на транспортна инфраструктура, патната и железничката транспортна мрежа во земјата, подобрување на одржувањето на патиштата и поддршка на концесиите.

ЕБОР со нова стратегија за МакедонијаПоддршка на реалната економија, подобрување на конкурентноста и енергетската ефикасност, како и промовирање на извозот се приоритети на кои ќе се фокусира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија во наредниот период, стои во новата стратегија.

Како што соопштуваат од Банката, ЕБОР во финансискиот сектор ќе обезбеди капитал и долгорочно финансирање на банките, а ќе им помага и да развијат нови производи со цел да го развиваат својот бизнис на одржлива основа.

„ЕБОР ќе се стреми да го подобри корпоративното управување и да канализира повеќе финансии за микро, мали и средни претпријатија преку комерцијалните банки и институциите за микро кредитирање“, се вели во соопштението.

Банката планира и поддршка на модернизација на инфраструктурата во Македонија, како и подобрување на транспортна инфраструктура, патната и железничката транспортна мрежа во земјата, подобрување на одржувањето на патиштата и поддршка на концесиите. Во општинскиот сектор, ЕБОР ќе ги поддржи инвестициите во водоснабдување, централно греење и јавен превоз.

Бордот на директори на ЕБОР ги усвои новите стратегија за Македонија каде е  истакнат напредокот постигнат во структурните реформи во Македонија кој ги вклучува подобрувањето на правната и регулаторната рамка за бизнисите, зајакнувањето на законодавството поврзано со конкуренцијата и банките, како и напредокот во поделбата на енергетскиот сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik